УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

Добрејдовте на FitKit мобилната апликација. Со нејзиното користење Вие се согласувате со Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се на contact@fitkit.mk

1. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ И УСЛОВИТЕ ЗА КУПУВАЊЕ

Со користењето на мобилната апликација, Корисникот ги прифаќа Условите за користење и Условите за купување (дефинирани подолу).

Доколку не се согласувате со овде наведените услови, ве молиме веднаш да престанете да ја користите апликацијата.

2. ЗА АПЛИКАЦИЈАТА

Апликацијата претставува системски развиена платформа со информации за пријавување присуство на тренинзи/вежби и резервирање на термини од страна на Корисниците на услугите преку генерирање на кодови.

Aпликацијата како платформа за симнување е поставена на App store и Play Store.

3. КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ

Корисникот може да регистрира и одржува само еден профил за лична употреба. Корисникот е одговорен за обновување на податоците во неговиот профил. Корисникот е согласен дека FitKit нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе или е поврзан со корисничкиот профил. Единствено Корисникот е одговорен за одржување на безбедноста на својот профил.

Корисничкиот профил не е пренослив и не смее да се сподели или продаде на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на користење може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи купените термини односно кодови.

- Корисникот е одговорен за своето корисничко име и лозинка и нивно доверливо чување.

4. КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА

Како предуслов за користење на апликацијата, Корисникот се согласува дека:

- Има најмалку 18 години;

- Користењето на апликацијата во секое време ќе биде во согласност со овие Услови;

- Купувањата се само за лична употреба на Корисникот или за подароци на пријатели;

- FitKit може да ја користи е-маил адресата на Корисникот за испраќање на промотивни понуди.

Единствено Давателите на услугите се одговорни пред Корисниците за квалитетот на услугите кои се нудат.

5. УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

Корисниците на услугите можат да извршат купување на код за закажување на термин само доколку имаат регистрирано профил на апликацијата.

Апликацијата користи безбедносен систем за виртуелна наплата поддржан од Стопанска Банка АД Скопје. Податоците од платежната картичка кои се внесуваат при плаќањето односно купувањето не се зачувуваат преку апликацијата.

FitKit нема пристап до информациите од платежните картици на Корисниците.

Описот на понудите во Апликацијата се дадени од страна на Давателите на услугите. FitKit не гарантира за Давателите на услугите и не е одговорен за давањето на услугата или замерки во однос на квалитетот поврзани со описот на понудата.

FitKit може да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите за користење.

Барања за рефундирања на средства може да се достават на е-маил contact@fitkit.mk со детално образложение зошто истото се бара.

Ако одредена понуда стане недостапна за купување, FitKit ќе го откаже купувањето и ќе го извести Корисникот по е-маил.

Термините кои се објавени на апликацијата се достапни за резервација за секој регистриран член.

Со резервацијата и плаќањето на термин преку апликацијата се генерира код, кој е потребно да се презентира на Давателот на услугите.

6. УПОТРЕБА НА КОДОВИTE ЗА УСПЕШНО ЗАКАЖАНИ ТЕРМИНИ

Корисникот е должен пред почеток на закажаниот термин да му го покаже на Давателот на услугите купениот код од апликацијата како и својот прифил со точно име и слика за идентификација.

Доколку Корисникот не го покаже кодот и својот профил, Давателите на услугите имаат право да го одбијат Корисникот да ја користи услугата.

Корисникот е должен да го запази времето и местото на одржување на вежбата/тренингот и да носи соодветна опрема за вежбање, во спротивно Давателите на услуги го задржуваат правото да не му дозволат на Корисникот да го искористи закажаниот термин.

Кодовите за закажани термини кои се купени од страна на Корисниците се со важност од 30 (триесет) дена сметано од датумот на купување. По истекот на 30 дена Кодовите стануваат неважечки и Корисниците нема да можат да ги користат.  

7. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

FitKit ги обработува личните податоци на Корисниците во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Македонија односно Законот за заштита на личните податоци и подзаконските акти.

Категории на лични податоци кои се обработуваат: Име, Фотографија и Е-маил адреса.

FitKit нема да ги оддаде личните податоци на трети лица без изречна согласност на Корисниците.

FitKit може да ги употреби податоците на Корисниците само за статистички цели, а со цел унапредување на искуството на Корисниците со користењето на апликацијата.

8. АВТОРСКИ ПРАВА И ТРГОВСКА МАРКА

Апликацијата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео и графика. Се што се наоѓа на апликацијата е во ексклузивна сопственост на Ангелина Блажеска ул. Димитар Влахов бр. 57А, 6000 Охрид, Македонија е-маил: angelina.blazeska@gmail.com. Ангелина Блажеска има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и врз содржината која оригинално ја поседува. Ангелина Блажеска има авторско право над фотографиите кои се во нејзина сопственост, како што се фотографиите кои се фотографираат за целите на понудите.

Секое копирање, дистрибуирање, пренесување, модифицирање, учествување во продажба, поставување на линкови или на било кој начин користење на содржината од апликацијата, делумно или целосно без изречна писмена согласност од Ангелина Блажеска е строго забрането.

Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до водење на граѓански и/или кривични постапки.

FitKit логото е заштитена трговска марка на Ангелина Блажеска. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на FitKit се сопственост на Давателите на услуги.

9. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ И НАДЛЕЖНОСТ

Сите спорови кои можат да произлезат исклучиво во врска со употребата на апликацијата страните ќе се обидат да ги решат спогодбено или по пат на медијација. Во случај споровите да не можат да се решат спогодбено, надлежен суд ќе биде Основниот суд Скопје 2 Скопје.

FitKit не е одговорен за било какви спорови кои може да настанат помеѓу Корисниците и Давателите на услугите.

За се што не е уредено со овие Услови на користење се применуваат важечките законски прописи во Република Македонија.